После овие слики, многу е можно повеќе никогаш да не стапнете таму каде што е солариумот

Жената по име Патриша Кренткли (55) била зависна од вештачко потемнување. Одела дење и ноќе и деновите ги поминувала во салони за да го задржи темниот тен, па така и ја горела кожата.

Во 2012 година настанал огромен хаос, кога ја однела својата петгодишна ќерка во солариум со намера да се сонча. Набрзо се било пријавено во полиција, а Патриша потоа била обвинета дека го загрозувала здравјето на детето. Во целата приказна се вклучила и полицијата, иако судот на крајот не ја осудил.

Во тоа време сите таблоиди ширум светот ја пренесоа оваа вест, и ја нарекоа „тен мама“, Патриша во интервју за „Њујорк пост“ откри дека сега целосно го променила својот живот. Планира да го продаде солариумот, но би се рекло дека веќе е направено оштетувањето на кожата, што можете да го видите на нејзините фотографии од Инстаграм.

Advertisement

Таа изјавила дека купила солариум бидејќи не можела да ја добие бојата, а по скандалозното судење за малку ќе и ја одзеле ќерката. Во тоа време и беше забрането да оди во солариум, иако никој не можеше да ја спречи да се сонча во него дома.

– Не правам луди работи како порано, а сончањето го намалив на две патувања неделно – рекла Патриша.

Advertisement