Рецепт за совршена зимница: Како да го направите најдобриот сос од домати?Ако се подготвувате за зимата, не смеете да го заборавите сосот од домати.

Потребни состојки:

  • 5 килограми домати
  • 2,5 лажици сол
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици алкохолен оцет
  • Црн бибер
  • Оригано
  • Босилек
  • Мајчина душица

Начин на подготовка:

Излупете ги доматите, исечкајте ги и смелете ги. Исцедете ги семињата. Сварете го сокот. Додадете ги зачини и варете до саканата густина.

Advertisement

Истурете го сосот во стерилизирани тегли, а потоа добро затворете ги.

Наредете ги во рерната на 90 степени, а по 90 минути исклучете ја рерната и оставете ги теглите преку ноќ.

Advertisement