Оваа комбинација од бисквити и чоколадо ќе ве воодушеви. Дури и ако сте љубител на класични колачи со чоколадо или ореви, нема да можете да одолеете на овие мали колачи.

Состојки

  • 3 dl млеко
  • 3 листови обланда
  • 1 маргарин
  • 300 гр шеќер
  • 3 ребра чоколадо
  • 500 гр мелени бисквити

За декорација:

  • 100 гр чоколадо

Подготовка:

Advertisement

Млекото и шеќерот се ставаат да зовријат, па се додава маргаринот да се растопи, нежно се промешува, па се додаваат бисквитите.

Измешајте, па добиениот фил поделете го на 2 еднакви дела. Во едниот дел додадете ја растопената чоколада. Првиот лист обланда премачкајте го со жолт фил, вториот лист свиткајте го со црн фил. Преклопете со трет лист, кој можете или не мора да го покриете со растопено чоколадо.

Advertisement