Иако можеби мислите дека ова ќе го заштити вашето бебе од сонце и топлина, никогаш не треба да ја покривате количката со ќебе, пелена, газа или нешто слично. Експертите велат дека тоа може да има фатални последици!

Дури и многу тенкото ќебе, како она од проѕирен муслин, може драматично да ја подигне температурата во количката и да го зголеми ризикот од синдром на ненадејна смрт кај бебињата.

Шведските истражувачи, предводени од педијатарот Сванте Норген, открија дека ќебето од муслин или ќебе во голема мера ја забавува циркулацијата и создава неподнослива топлина.

Тие ги тестирале нивните тврдења и откриле дека во покриените колички што биле оставени на сонце температурата била за 15 степени повисока од оние што не биле покриени.

Advertisement

Погледнете колку брзо расте температурата кога ќе ја покриете количката!

Покрај тоа што ќебето создава екстремна топлина, многу е тешко да се види што прави бебето во секој момент.

На родителите им се советува да не го изнесуваат бебето надвор од 11 до 17 часот и секако никогаш да не ја покриваат количката.

Advertisement