Мајката на две деца вечерта легнала со главоболка, а наутро кога се разбудила повеќе не можела да зборува!




Кери Тејт (44) со години страдала од главоболки, поради што не била премногу загрижена кога цел ден ја болела главата, а таа болка се засилувала во следните денови. Главоболката сè уште била присутна кога легнувала навечер, а кога се разбудила следниот ден, не можела да зборува!




Таа користела хартија и пенкало за да комуницира со семејството, по што била пренесена во болница, каде било утврдено дека има крварење во мозокот.




Лекарите откриле дека 44-годишната мајка на две деца е родена со артериска малформација, што довело до мозочен удар, а Кери морала да оди на операција со гама нож. Исто така, со помош на докторката успеала малку да го подобри говорот.




„Нема да бидам истата личност што бев пред мозочниот удар и мојот говор нема да биде многу подобар. Тешко е да се прифати“ , рече таа.




Лекарите сè уште не знаат колку операцијата била успешна, бидејќи може да поминат и четири години пред да се појават резултатите.




Засега Кери е фокусирана на закрепнување дома, а со споделување на својата приказна се надева дека ќе ја подигне свеста дека „мозочниот удар може да му се случи на секого“.











