Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а максималните дневни од 20 до 28 степени.




Во Скопје, претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура до 11 степени, а максималната до 25 степени.




Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.




ДЕФИНИТИВНО ОД ОВОЈ ВИКЕНД КАЖУВАМЕ ЗБОГУМ НА ОВОГОДИНЕШНОТО ЛЕТО!




Според оваа метеоролошка карта, по се изгледа со студениот продор од север од овој викенд доаѓа и ПРВИОТ СНЕГ за оваа сезона на Балканскиот Полуостров!




Со овој бран има некои сигнали и за првиот снег и кај нас во Македонија, и тоа на највисоките планински места.












