Иако природата е неумолива, па промените во телото со возраста се неизбежни, постојат едноставни начини за подобрување на состојбата на телото.
Иако природата е неумолива, па промените во телото со возраста се неизбежни, постојат едноставни начини за подобрување на состојбата на телото.
Кај жените после 40-та година метаболизмот се забавува, па слабеењето е многу потешко. Експертите тврдат дека само еден зачин е доволен за да се направи голема разлика. Кајенската пиперка содржи капсаицин, супстанца која го поттикнува метаболизмот, а за да се постигне ефектот е доволно само прстофат.
Го забрзува метаболизмот
Докажано е дека капсаицинот ја зголемува телесната температура и го забрзува варењето и губењето маснотии. Храната богата со протеини (месо, риба, пилешко…) побрзо се вари кога ќе и се додаде барем малку кајен пипер. Руските лекари тврдат дека редовното консумирање на зачинета храна во мали количини го спречува стареењето и го зајакнува имунитетот.
Го намалува чувството на глад
Се покажа дека капсаицинот го намалува гладот, што значи дека ќе јадете помалку во текот на денот.
Го намалува крвниот притисок
Бројни студии покажаа дека капсаицинот го намалува нивото на крвниот притисок.
Го подобрува варењето
Кајенскиот пипер може да го подобри здравјето на дигестивниот систем и да го намали ризикот од рак на желудникот.











