Свежо купеното мелено месо може да стои во фрижидер еден ден, најмногу два, па најдобро би било доколку не планирате да го користите во тој период, да го ставите во замрзнувач.
Но, дали може да остане таму долго време?
Губењето на влагата е една од главните причини зошто меленото месо го губи вкусот по долго седење, според американското Министерство за земјоделство (USDA), дури и ако е во замрзнувач, што значи дека не може да остане таму засекогаш.
Ако е термички обработен и правилно складиран, може да се замрзне два до три месеци и вкусот нема да се промени толку многу бидејќи дел од влагата веќе е изгубена при готвењето.
Суровото мелено месо може да се чува во замрзнувач три до четири месеци.
Секако важно е и како се подготвува.
Може да се чува во оригиналното пакување до две недели, а доколку планирате да го чувате подолго од тоа, би било добро пакувањето да го завиткате во фолија или да го ставите во кеса за замрзнување.