Исповедта на овој човек кого ќерките го оставиле во старост, ќе ви го скрши срцето и ќе ве натера добро да размислите

Иван (69) живеел за своите ќерки, вложувал во нивното образование, на секоја од нив ѝ овозможил венчавка, а тие на крајот се преселиле во странство и го блокирале на сите канали за комуникација. Како татко и дедо, денес страда во болна самотија.

„Имам 69 години и живеам сам. Со својата втора сопруга живеев 36 години, но за жал, таа почина од тешка болест. Имаше рак во терминална фаза. Се боревме заедно за да ѝ го спасам животот, таа борба траеше една година, но немаше помош“, се пожалил господинот Иван.

Потоа открил дека се развел од првата сопруга, кога неговата најстара ќерка наполнила пет, а помалата три години.

Advertisement

„По разводот им помогнав да се школуваат, плаќав 50 отсто од моите месечни примања за нивната алиментација. Направив свадба за сите. И двете добија деца, а јас станав дедо. Сè беше во ред додека деверот, сопругот на мојата постара ќерка, не предложи да се преселат во американската држава Јута“, раскажува таткото и дедото.

Пред десет години ги прекинале сите контакти

Но не се отселиле само постарата ќерка, зетот и нивните деца, туку на таков драстичен чекор се одлучила и помалата ќерка, како и неговата поранешна сопруга.

А сепак, го завршува своето писмо, не сака да живее во лоша крв и на сите им посакува се најдобро. Тој се надева дека неговите ќерки ќе се пронајдат во оваа тажна приказна и ќе ја прочитаат пораката: „Посакувам да сте живи и здрави, како и моите прекрасни внуци кои уште не сум ги ни видел. Нека милиот Господ ве награди со здравје и среќа, а јас ќе продолжам да страдам во самотија“, беше искрен Есад.

Advertisement