Двајцата редовно објавуваат слики и видеа на социјалните мрежи, а коментарите подолу се главно негативни кон нивниот брак.

Џеки (27) од Филипини и нејзиниот сопруг Дејв (69) од Америка се доказ дека годините не се важни кога станува збор за вистинската љубов. Двајцата се запознале во 2016 година на апликација за запознавање, а по неколку месеци допишување, Дејв ја прашал Џеки дали ќе ја изведе на кафе.

На негово изненадување таа се согласила, а пред три години кажала уште едно „да“ пред матичар и така станала негова сопруга.

Дејв дошол на Филипините за да се запознаат, а Џеки вели дека веднаш знаела дека тој е тој за цел живот.

Advertisement

-Тоа беше почеток на прекрасна врска, а нашата љубов е силна како првиот ден – вели оваа девојка.

Двајцата редовно објавуваат слики и видеа на социјалните мрежи, а коментарите подолу се главно негативни кон нивниот брак.

– Извинете госпоѓо, дали работите во рудник, затоа што ми се чини дека копате нечии пари и злато – напишал еден човек.

Луѓето кои не ги поддржуваат тврдат дека Џеки е со Дејв само за неговите пари и дека нема да мирува додека не ја земе последната пара.

– Значи, има 42 години разлика меѓу вас двајца. Веројатно страда затоа што има 42.000 долари во банка – гласи еден коментар.

Сепак, Дејв и Џеки велат дека овие коментари воопшто не ги засегаат, бидејќи знаат дека нивната љубов се заснова на доверба.

– Навистина го сакам. Тој е многу добар човек. Дури ни е смешно кога луѓето мислат дека сме татко и ќерка, бидејќи хемијата меѓу нас е очигледна – заклучила Џеки.


ДАЛИ ЈА ПОДДРЖУВАТЕ ОВАА ВРСКА ИЛИ ЈА ОСУДУВАТЕ ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!

Advertisement