Природните решенија се секогаш подобра опција




Доколку растенијата почнале да венеат, со ова решение ќе ги вратите во живот. Наместо хемикалии, користете го овој домашен раствор и растенијата ќе растат како луди.




Се што треба да направите е да не ги фрлате кората од банана и лушпата од јајцето кога ги користите.
- Ќе ви требаат и следниве состојки:
- кора од 1 банана
- 1 лажица мелено кафе
- лушпа од 1 јајце
- 300 мл вода
Подготовка:




Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги. Наводнете ги вашите светли растенија со ова решение и резултатот ќе биде видлив следниот ден, пишува lifestyle.ba.




Растворот можете да го истурите и во тенџере со здрави куќни убавици и тие ќе станат уште побујни и позелени. Ако сакате вашите цвеќиња секогаш да изгледаат здраво и неверојатно, повторете ја постапката од време на време.




Како овие состојки влијаат на растенијата?
Бананите имаат калиум, фосфор и калциум, поради што позитивно делуваат на растенијата. Овие хранливи материи се исклучително корисни за растенијата во процесот на обновување. Фосфорот во бананите помага и за добар раст на корените и новите ластари.




Школките содржат преку 30% калциум. Приближно секоја школка обезбедува околу 4 милиграми калциум. Покрај калциум содржат и магнезиум, фосфор, калиум и натриум и околу 5% органска материја, што е од големо значење за квалитетот на почвата.




Во мембраната се наоѓа органска материја која останува на обвивката во форма на протеин и е значаен извор на азот. Доколку не ги измиете лушпите од јајцата, содржината на органска материја може да биде уште поголема.




Совет е да го бришете растението барем еднаш неделно со влажна крпа за да ја отстраните прашината и да му дозволите на растението да дише.











