Шарената е суштински дел од зимската сезона и тоа го знае секоја домаќинка која го подготвува. Оваа салата обично се прави со зелка, моркови, пиперки и краставици. Пробајте малку поинаква верзија со цвекло. Веруваме дека ќе бидете целосно воодушевени. Најдоброто нешто е што можете да го јадете по еден ден, пишува Stvarukusa.rs.

Состојки

  • 1,5 кг зелка
  • 2 моркови
  • 1 цвекло
  • 4-5 чешниња лук
  • Маринада
  • 1 литар вода
  • 2 лажици сол
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици масло
  • 150 мл оцет
  • зрна бибер

Подготовка :

Прво направете ја маринадата. Во тавата истурете литар вода и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие додадете ги зрната бибер, солта и ловоров листот, па маслото. Оставете повторно да зоврие и потоа истурете го оцетот. Оставете уште еднаш да зоврие и тргнете го од оган.

Advertisement

Цвеклото, зелката, морковот и лукот исечкајте ги на ситни парчиња и наредете ги наизменично во теглата: зелка, морков, цвекло, лук додека не се наполни теглата. Прелијте со врелата маринада. Затворете и оставете во фрижидер 24 часа, па консумирајте.

Advertisement