Интересно истражување покажа дека еден фактор може да „прави чуда“ доколку сакате да заведете момче




И покрај сите квалитети кои влијаат на тоа дека некој ни се допаѓа, примитивните инстинкти не можат да се игнорираат ниту денес, велат научниците.




Имено, една студија во која учествувале 400 луѓе покажала дека мажите се далеку попривлечни за девојките кои имаат машки пријатели или работат во претежно машки групи, а причината можете да ја погодите – тоа е ривалство!




Како што заклучиле експертите, мажите се возбудени од помислата дека имаат ривали, односно дека нивната партнерка лесно би можела да ги изневерува ако сака, па мора да се борат за нејзина корист.




Ова, се разбира, не значи дека можноста за изневерување е привлечна, туку дека примитивниот инстинкт да се борите за партнерот за да „обезбедете потомство со најпосакуваната жена“ е клучен, тврди авторот на студијата Мајкл Пем од Универзитетот во Окленд.




„Мажите ги импресионира кога нивната партнерка е привлечна за други мажи, кога сакаат да се дружат со неа. Тоа значи дека направиле одличен избор, но тоа е и потврда за нивната вредност – затоа што тие жени ги избрале“, додава Пем.