Празнична трпеза не може да се замисли без погача, која секогаш е главна ѕвезда на секоја прослава.

Доколку веќе сте одлучиле што ќе подготвите за Ѓурѓовден , пробајте го овој рецепт за најмека погача:

Неопходно е:

  • 1 кг брашно
  • 1 коцка квасец (50 гр.)
  • 400 мл млеко
  • 3 лажици кисело млеко (100 мл јогурт)
  • 50 мл масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 3 лажички сол
  • 2 јајца + 1 белка
  • 1 лажичка оцет
  • 150 грама маргарин
  • сусам
  • 1 жолчка за премачкување
  • Подготовка: Замесете тесто така што во малку брашно ќе додадете млако млеко, шеќер и кавасак. По 15 минути посолете ги јајцата, оцетот, маргаринот, остатокот од брашното и замесете тесто кое ќе го оставите да стаса околу еден час. Измешајте и премачкајте со маргарин. А потоа развлечете го тестото и обликувајте го по желба. Премачкајте со жолчка и печете во загреана рерна.

Advertisement
Advertisement