За време на велигденските празници сите јадат варени јајца, но ретко кој обрнува внимание на овие детали

Јајцата се вообичаен избор за брз појадок бидејќи не постои погрешен начин да се подготват. Можете да ги сварите, да пржите јајца на око или да направите матени јајца – вкусот сепак ќе биде одличен. Јајцата содржат и квалитетни протеини, а немаат многу калории. Меѓутоа, она што ни пречи кога купуваме јајца е како да ги избереме оние што се најдобри.

За време на велигденските празници сите јадат варени јајца, но ретко кој обрнува внимание на овие детали.

Ги земаме оние што се „убави за око“, а најчесто избегнуваме јајца кои имаат испакнатини и дамки на лушпата. Експертите ја разрешија дилемата зошто некои јајца изгледаат вака и дали се безбедни за употреба.

Advertisement

– Овие темни дамки се појавуваат на почетокот на процесот, додека јајцето се уште „патува“ низ кокошката. На тој пат јајце клетката се врти, а ако се случи премногу бавно, на крајот може да добие пеги. При тој процес се формира и нерамна лушпа на јајцето – тврдат тие.

Дали е безбедно да се јадат такви јајца. Краткиот одговор е да. Најважниот дел кога станува збор за безбедноста при конзумирањето јајца е начинот на кој ги готвите. Јајцата може да ја содржат бактеријата салмонела, која е втора најчеста причина за труење со храна во САД. Експертите предупредуваат дека црните или зелените дамки во внатрешноста на лушпата на јајцето може да укажуваат на тоа дека има бактерии во јајцата.

Advertisement