Семејството живее во стара дотраена куќа која во секој момент ќе се урне.

На врвот на ридот, далеку од другите семејства во селото Пелинце се наоѓа куќата на семејството Спасовски, која е стара и дотраена и во секој момент може да се урне.

Самохраната мајка Христина заедно со Лука (7) и Марија (1) живеат во дом со дупки на таванот и ѕидовите, гол бетон покриен со стари теписи, дотраен мебел, без бања и основни услови за живот.

„Минатата година ни се случи голема трагедија кога почина мојот сопруг. Бидејќи не можевме сами, морав да се вратам кај мајка ми и кај брат ми, па моментално живееме во иста соба“, вели мајката Христина.

Advertisement

„Најмногу би сакале да живееме поблиску до централниот дел на селото. За да ни се оствари сонот, треба да изградиме нова куќа во која децата би имале се што им е потребно за нормално детство“, додава Христина.

Затоа е започната голема хуманитарна акција за помош на семејството Спасовски!

Приближната вредност на проектот за изградба на куќа е 35.000 евра, поради што е потребна помош од донатори.

Донација може да се изврши на следниот линк.

Повеќе информации на следниот линк.

Advertisement