Оние поискусните домаќинки мора да мислат дека не постои трик со кој ќе го подобрат вкусот на месото
Совети вредат злато
Меленото месо е редовно на менито, од него се прават највкусните јадења , како полнети стекови или ќофтиња. Оние поискусните домаќинки мора да мислат дека не постои трик со кој ќе го подобрат вкусот на месото, но грешат, пишува Stvarukusa.rs.
Секогаш е добро да експериментирате и да додадете различни состојки , бидејќи тие можат само да го доведат вкусот до совршенство. Многу професионални готвачи додаваат зеленчук на месото за да биде повкусно.
Таа тајна состојка е најчестиот кромид. Се сече на коцки и се пржи. Поради пржењето кромидот ќе биде мек, малку крцкав и суптилно сладок, па на месото ќе му даде посебен вкус.
Важно е да запомните дека кромидот што планирате да го ставите во меленото месо не треба да го оставате премногу долго на шпорет: зеленчукот треба само малку да се испржи.
Покрај кромидот, ренданиот компир може да го подобри и вкусот на ќофтињата и чадените стекови.











