Александра Тасевска потекнува од Крушево. Живеела во Штип, а се омажила во Велес уште на 15 години. За жал, уште како многу мала доживува сообраќајна несреќа во која едвај останува жива. На возраст кога родител најмногу треба да му се посвети на своето дете и да разговара со него, таа ќе ја изгуби целата комуникација со родителите. За волја на вистината, дури и е избркана на улица, од семејниот дом на дванаесет години.

-Имав само 12 години кога родителите ме избркаа од дома. На улица се снаоѓав за парче леб. Имам уште една полусестра, која мојата мајка ја избрка од дома. Од тогаш животот ми стана пекол-започнува да ја раскажува Александра својата тешка животна приказна.

Од денот кога вратите од семејниот дом ќе и бидат затворени, за Александра се отвора живот полн проблеми. Па така, еден ден таа ќе биде киднапирана и 13 дена во стан од машка група, е силувана и малтретирана.

Завршува извесно време во дом за деца без родители, па за да не заглави по домови, одлучува дека најдобро е да создаде семејство. На 15 години станува мајка, а детето веднаш и го одземаат родителите на сопругот, кои не и дозволуваат да го види. Таа болка кон чедото ќе и зададе нова сериозна болест – мозочен удар и неможност да се грижи за себе.

Advertisement

-Додека бев бремена и плачев гладна и премрзната под железничката станица во Велес, се појави мојот ангел чувар. Ме фати за рака и ми рече, ќе дојдеш кај мене, јас ќе се грижам за тебе и за бебето. Така и беше, имавме многу убав живот, разбирање и прекрасни моменти. Го сакаше син ми Никола како вистинска баба.

Но, тоа траеше додека беше жива. Кога не напушти, не напушти и безгрижниот живот. Јас повторно останав без приход и поддршка. Сега повторно преживувам со син ми. Плус секој момент е можно внуците на баба Цецка, да ме избркаат од станот во кој нема ни струја – додава Александра.

За ова семејство да може да продолжи да функционира и да има живот како порано, потребно е да се обединиме и да им помогнеме да создадат свој дом.

Тоа можете да го направите на следниот телефонски број 076/856882 или на оваа жиро-сметка300087079723027 Комерцијална банка

Целата сторија можете да ја прочитате на следниот линк prikazna.mk

Advertisement