Анџелина Џоли денеска се појави во украинскиот град Лавов во кафуле. Дошла на кафе, ги повикала гостите кои ја препознале и им давала автограми на оние кои сакале.

На видеото снимено од една Маја, која случајно се нашла во кафуле, се гледа како Анџелина влегува во кафулето во сиви широки панталони и сив џемпер, ја крева косата во светла пунџа и весело мафта и се смешка на луѓето што ја препознале.

“Ништо посебно. Само отидов на кафе. Само што ја запознав Анџелина Џоли“, напиша девојката во описот на видеото кое го објави на социјалните мрежи.

Џоли ја посети Украина и се сретна со деца од областите погодени од конфликт и со локални организации кои се грижат за нив.

Advertisement

Актерката, која е специјален пратеник на ОН за бегалци, се сретна со деца без родители и раселени – вклучително и млади луѓе евакуирани од Мариупол, како и со украински волонтери и лекари кои се грижат за нив.

Џоли е позната по хуманиот дух, зад неа стојат неколку хуманитарни акции во кои им помагала на децата.

Advertisement