Лионел Меси (Меси) ја предводеше Аргентина до златото на Светското првенство во Катар. Конечно го освои трофејот што толку го посакуваше и го носи во својата татковина кој го чека од 1986 година.




Меси ја доби и наградата за најдобар играч на Мундијалот, а сега пристигна и првата реакција на, ако не најдобриот, тогаш еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.




– Лудо е што се случи на овој начин. Знаев дека Господ ќе ми го даде, имав чувство дека ќе биде токму како што се случи. Сега ќе уживам. Долго го чекав трофејот светски првак, но сега конечно е тука. Погледнете колку е убав трофејот, убав е. Едвај чекам да стигнам во Аргентина и да видам колку ќе биде лудо – изјави Меси.




Ова му беше петти и последен Мундијал во кариерата и го заврши на најдобар начин. Меси по финалето откри дека ќе продолжи да игра за репрезентацијата на Аргентина.




– Сакам да играм во дресот на Аргентина како светски шампион – додаде Меси.




Инаку, ова е трет светски шампионски трофеј за „гаучосите“. Тие го освоија Светското првенство во 1978 и 1986 година.











