Во длабок сад додадете брашно, сол, ракија, шеќер и млака вода, па направете тесто. Пробајте рецепт кој ќе ве собори од нозе.

Состојки:

    • 500 гр брашно
    • 250 мл млака вода
    • 1 лажичка сол
    • 2 лажици лозова ракија
    • 1 лажичка шеќер

Подготовка:

Во длабок сад додадете брашно, сол, ракија, шеќер и млака вода, па направете тесто. Ќе знаете дека смесата е добра кога тестото лесно ќе се лизне од лажицата.

Advertisement

Во тавата ставете го маслото, а кога ќе се загрее извадете го тестото со лажица и истурете го во тавата правејќи долгнавести форми.

Пржете ги од двете страни додека не поруменат. Готовите питулици ставете го на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии.

Advertisement