Една нова студија открива колку бактериско-габичните заедници се опасни за здравјето на забите.

Најновата студија покажа дека бактериите и габите се способни за сложено движење и да предизвикаат формирање на кариес.

Знаеме дека повеќето од нас претпочитаат да не размислуваат за микробите кои предизвикуваат расипување на забите и ја напаѓаат нашата усна шуплина, известува Scientificamerican .

Тие ги обложуваат нашите заби, се хранат со шеќери како нас и лачат киселини кои прават дупки во нашата глеѓ, а целата слика е уште понепријатна.

Advertisement

Една нова студија објавена во „Зборникот на Националната академија на науките на САД“ покажува дека војски од габи и бактерии можат да талкаат по површината на нашите заби ширејќи го расипувањето на забите многу побрзо отколку што мислиме.

– Во минатото се знаеше дека тоа се само бактерии кои се акумулираат една по една и предизвикуваат кариес – изјави авторот на студијата Хјун Ку, микробиолог и стоматолог од Универзитетот во Пенсилванија.

Неговиот тим собра примероци од плунка од мали деца со тешки шуплини и откри природни популации на стрептококни бактерии и габи кандида албинкас.

  • Овие бактерии и габи ги немало во плунката на децата со здрави заби.
  • Гледањето на овие патогени под микроскоп откри дека тие се способни за сложено движење.
  • Ако групите на бактерии и габи беа блиски, се случи да се спојат.
  • Микробите во устата се како заедница која се обидува да ја прошири својата територија.
  • Тимот откри дека бактериско-габичните партнерства се развиваат побрзо и се поотпорни на отстранување со механичка сила или антимикробни хемикалии отколку габата или самите бактерии.

Идните истражувања би можеле да утврдат кој е најмногу изложен на ризик од развој на бактериско-габични инфекции и најдобриот начин за нивно лекување. Проучувањето на интеракциите помеѓу бактериите и габите може да ни помогне да се одбраниме од нивното ширење.

Advertisement