Кумата за свадбата потрошила многу пари: Она што за возврат го добила многу ја навредило, сите зборат за ова!
Обичајот да се има кум на свадба е поврзано со постарите верувања, кога младоженецот тргнувал да ја ”фати” невестата.




Најчесто, неколку добри прилатели вклуќувајќи и еден лидер го подржувале, добро наоружани. Овие така наречени ”во-јници” го бранеле младоженецот од други мажи кои се обидувале исто така да одат по невестата, или пак и против фамилијата на невестата од каде што таа требало да биде украдена.




Како што минувале вековите и опасноста од киднапирањето на невестата пополека стивнувало, обичајот останал, така што денес кумот и старосватите, го подржуваат младоженецот на свадбата.




Дали можете да бидете кум/а?
Кум/а на свадба не може да биде некој што не е крстен во црква, исто така и неможе да се венча некој што не е крстен. Доколку не сте крстени ќе морате тоа да го направите пред свадбата.




Без разлика дали имате партнер/ка или не, и дали сте маж или жена, можете да бидете кум/а.
Кои се обврските и трошоците?




Треба да присуствувате на целата свадба од самиот почеток до крај. Вие доаѓате заедно со младоженецот по невестата и ја имате една од најважните улоги на свадбата, веднаш после младоженците.
Бидермаерот на невестата најчесто и го подарува кумот/кумата, и тоа кога ќе дојдат по невестата, но во врска со ова секако ќе се консултирате со невестата. Дозволете и неа сама да си го одбере бидермаерот, а вие платете го и однесете и го на денот на свадбата.




И, секако треба да обезбедите подарок кој најчесто е во консултација со младоженците, и најчесто е пари.
Секако треба да бидете спремни и за музиката која е со вас во текот на целиот ден, и која цело време ќе се врти околу вас и околу младоженците, секако и за нив спремете пари.




Во Македонија во различните делови од земјата постојат повеќе обичаи кога се во прашање свадбите. Но, овие кои ги набројавме погоре се најважните.
Во однос на обврските на кумот и кумата за време на венчањето во црква треба да обезбедат свеќи и платно, и да се плати дел од трошокот за црквеното венчање. Во врска со точната сума треба да се консултирате во црквата и да го поделите трошокот со сваросватот. Постапката на венчањето ќе ви ја објасни попот.




Кумот е и сведок на венчањето во матично што значи ќе треба да присуствувате и таму.
Кумот/кумата доколку сакаат треба да донесат торта на свадбата. Во врска со ова треба да се консултирате со невестата , младоженецот и со ресторанот, бидејќи во ресторан не е дозволено сами да си донесете торта.




Секако за крај потребно е многу позитивна енергија и да уживате во кумството, бидејќи и тоа е еден од најубавите моменти во животот.




Кумството не е ефтина работа, а тоа го поддржува и признанието што оваа девојка го остави со цел да знааат сите колку труд и пари вложила за да ја направи пријателката да се чувствува убаво, без да се посрамоти пред другите гости.
– Пред 4 години бев кума на една свадба. Во тоа време, работев за минимум, 250е. Моите родители исто така работат за минимум, па јас самамата финансирав сè.




Ги потрошив сите заштеди од таа сиромашна плата за свадбата, не остана денар да го потрошам на себе. И помогнав на мојата кума сè што можев, купив корисни и квалитетни подароци, направив украси со неа, иако бев уморна од работа.




Сега е ваква ситуацијата – и се јавувам на секои 5 дена, таа одговара кратко за ми спушти побрзо.
Еднаш месечно се сеќаваше да ме праша како сум. Иако се добро ситуирани, таа не се обидува да купи корисен подарок за мојот роденден, обично има некои глупости кои не ми користат, иако секогаш земам нешто корисно од неа.




Кога првпат отидов во нивната куќа, донесов скап поклон а таа ме почасти со мал сад со смокви, иако таа подготви вечера за пријателите на нејзиниот сопруг. Се чувствував навистина мизерно.




Жал ми е за трудот, времето, трудот и парите што ги потрошив на неа – напишала анонимната девојка.











