Многу е важно редовно да ја одржувате хигиената на кадата, за да бидете сигурни дека бактериите се уништени. Покрај грубите хемикалии, постои и сигурен и докажан начин да се ослободите од сите микроорганизми кои го загрозуваат здравјето.




Така, еден од најпопуларните трикови за одржување на домашната хигиена деновиве е користење на смеса на база на сода бикарбона!




Домаќинката Каролина Меколи ги демонстрираше своите методи за чистење на кадата. Таа прво става три крпи во оцет, каде што стојат додека не се целосно натопени, а потоа ги става преку славината и тушот за да се ослободи од нечистотијата.




Таа потоа го посипува одводот со сода бикарбона, а потоа истура шолја оцет за да ги убие бактериите и да ги отпушти цевките, а потоа ја посипува целата када со сода бикарбона и потоа детергент за миење садови. Каролина потоа ја трие кадата со мек сунѓер, а потоа исплакнува сè со топла вода.




Дали ја пробавте оваа ФИНТА? Не заборавајте да ни кажете какви резултати добивате и дали имате некој од вашите сопствени методи за чистење на кадата.











