Уште една обична црна торта – кремаста, вкусна, направена од едноставни, евтини состојки, со додаток на цреша за да не загрее во овие студени денови.

  • Состојки
  • 3 шолји брашно
  • 3 чаши јогурт
  • 2 чашишеќер
  • 1 шолја масло
  • 3 лажици какао
  • 2 лажички сода бикарбона
  • За фил:
  • 4 дл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 кесичка чоколаден пудинг
  • 250 гр. вишни
  • 5 лажици павлака
  • за чоколадната глазура: 150 гр чоколадо, 100 гр маргарин, 3 лажици шеќер во прав, 1 дл млеко Подготовка

    Сите состојки за бисквитот се мешаат, па се мати со миксер неколку минути. Смесата се истура во плех (големина 30×20) и се пече во рерна на 180 степени. Кога бисквитот ќе се излади, пресечете го хоризонтално на два дела.

Додека се пече бисквитот, сварете го чоколадниот пудинг во 4 dl засладено млеко. На долната кора намачкајте го изладениот пудинг, па врз него премачкајте ги исцедените вишни посипани со неколку лажици павлака. Покријте со горната кора, притиснете малку со раце да се израмни, а потоа ставете ја чоколадната глазура.

За глазурата растопете ги сите состојки на тивок оган, па кога ќе се олади и ќе почне да се згуснува, прелијте ја врз колачот.

Послужување
Мој совет е да го испечете пандишпанот во најголемиот плех за рерна, 40×30, па пресечете го на половина по должина, така што двете кори ќе бидат со еднаква дебелина, што јас не го направив, па долната кора испадна потенки Рецептот е од стар број на списанието Блиц Жена, оригиналот содржел малини.

Advertisement

Додадов вишни и користев вишни од замрзнувач, мислам дека е подобра комбинација ;)) Се разбира, ако колачот ќе го јадат деца, исфрлете ги вишните.

Advertisement