Како да ја исчистиме аурата и зошто е важно за да го привлечеме она што го сакаме и да се ослободиме од негативната енергија.

Дали некогаш сте влегле во соба и сте се чувствувале чудно, како да има лоша енергија? Или, на пример, сте запознале некој со кој веднаш сте „кликнале“. Ова значи дека ја чувствувате аурата на другите луѓе од надворешниот свет.

Тоа е затоа што секој човек, секоја честичка има своја енергија, и сите тие атоми вибрираат заедно… Сите имаме околу нас невидливо обвивка, електромагнетно поле кое не штити од лоша енергија. Се случува вашата аура да биде презаситена со сите овие енергии, како резултат на што се чувствувате исцрпени, празно, заробени…

Зошто е добро да се исчисти аурата?

Advertisement

Со тоа што ќе си дозволите да привлечете повеќе од она што го сакате и да бидете во склад со светот околу вас. Што е најважно, исчистената аура ви помага да донесувате подобри одлуки бидејќи сте ги отстраниле бариерите помеѓу вашите вистински потреби и она што другите го очекуваат од вас.

Како да се исчисти аурата?

Еден начин е длабоко дишење и медитација секое утро по будењето. Капењето во солена морска вода е многу ефикасно. Ако не одите на море, направете си топла, релаксирачка купка, а во водата ставете морска сол. Симболично, како што водата ја измива нечистотијата, таа ги носи тешките мисли, грижи и проблеми.

Природата е позната како најдобар исцелител, па многу практичари советуваат едноставно да ги соблечете чевлите и само да одите по тревата. Може и во парк, ако немаш сопствен двор. Важно е да сте боси, така што енергијата на земјата ќе извлече се што е негативно од вас, за да ве приземји.

Кристалите исто така имаат моќ да ја чистат аурата. Еден од нив е аметист кристал. Можете да го носите на парче накит, во чанта или во џеб. Тој ќе ви биде заштитник од негативна енергија.

Advertisement