Важно!
Почитувани, потребни сме му на Павел, млад жител на Виница, кој како последица од сообраќајна незгода е дете инвалид и потребни се финансиски средства за да почне неговото лекување, за кои докторите даваат надеж но потребни се финансиски средства за да се почне од некаде..

Во прилог Ви ги испраќаме неговите денарска и девизна сметка, дијагнозата и во целост барањето/молбата од неговата мајка. Ќе Ве замолам и овде да се сплотиме и да помогнеме.

После објавата за виничанката Весна Стоилова, повеќе граѓани собраа храброст и побараа помош, меѓу кои и ова семејство кое се состои од млади родители на четири малолетни деца вклучувајќи го и Павел кој е роден на 18.06.2013 година.

Advertisement

Да не дозволиме заради недостаток од финансиски средства, детството на ова детенце да му поминува во кревет.


Да ги собереме барем почетните средства за да можат да отидат во Србија.
Контакт телефон од родителите 071 206 378
Споделувајте и донирајте

Хуманитарно здружение ,,Умиление” Виница

Advertisement