На запад и југозапад од Македонија се очекуваат локални врнежи со грмежи, пишува во најновото соопштение на веб-страницата на Републичкиот хидрометеоролошки завод.




Според претходните предупредувања од РХМЗ, во следните два дена се очекуваат високи температури, така што денеска и утре во целата земја, а во сабота на југ ќе биде многу топло со највисока температура од 34 до 37 °C.




Во Скопје околу 36°C, а локално се очекуваат и тропски ноќи.




Во сила е и портокалов метео аларм. Бидете претпазливи!
Advertisement
Advertisement











