Сигурно сите се сеќавате на нив, се купуваа на саеми, но и пред некои училишта за време на празниците. Сега можете сами да ги направите!

Овие семки од сусам не се толку тврди како што се кај некои рецепти. Едноставно се преубави!

  • Состојки:
  • 1 чаша сусам
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажица путер
    Подготовка:

Во сува тава лесно пропржете го сусамот и постојано мешајќи да не изгори.

Истурете го во друг сад да се излади.

Advertisement

Во тавата се прелива шеќер и се топи на средна температура. Кога ќе се растопи додадете путер, а потоа додадете го сусамот. Мешајте додека се се соединат состојките.

Топлата смеса веднаш префрлете ја на хартија за печење и израмнете ја со лажица. Покријте ја смесата со друга хартија и расукајте со сукало до саканата дебелина.

  • Оставете околу 2 минути да се излади.
  • Се сече на коцки или по желба.
  • Погледнете ја целосната постапка во видеото подолу:
Advertisement