Вкусот ќе ве воодушеви

Кога ви се брза и ви треба практичен и брз рецепт, секогаш можете да се свртите кон пити. Освен што се вкусни, познати се и по тоа што лесно се прават. Овој пат ви носиме рецепт за малку поинаква пита од онаа на која сте навикнати. Станува збор за рецепт на турска домаќинка кој на YouTube е прегледан повеќе од 10 милиони пати.

Состојки:

  • 2 компири
  • 2 домати
  • 3 зелени пиперки
  • 2 млад кромид
  • 4 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 100 гр фета сирење
  • 1 чаша масло
  • 1,5 чаши млеко
  • 3,5 чаши брашно
  • 2 прашок за пециво
  • рендано сирење

Подготовка:

Advertisement

Компирите, доматите, зелениот пипер и зелениот кромид исечкајте ги на ситни коцки. Отстранете ја лушпата од доматот. Потоа се матат јајцата, па се додава зеленчукот, солта, сечканата фета, маслото и млекото. Добро измешајте. На крај додадете брашно и прашок за пециво. Намачкајте со путер калап со дијаметар од 32 см. Ставете ја смесата, одозгора посипете рендано сирење и печете на 200°C околу 30-35 минути.

Целиот процес на подготовка погледнете го во видеото:

Advertisement