На својата свадба, младоженецот ја ставил својата мајка да седи веднаш во масата на малдоженците.

Сопругата му се доближила и го прашала што бара таа старица тука и веднаш да ја избрка од свадбата.

Тој и одговорил: “Тоа е мојата мајка”, но таа и понатаму инсистирала да ја избрка од свадбата…

Младоженецот отишол до микрофонот за сите да го слушнат и прашал: “Кој сака да ја купи мојата мајка? Денес ја продавам бидејќи мојата сопруга не ја сака. Која цена ја нудите?”

Advertisement

Сите зачудено гледале во него и никој не одговорил.

Тој дошол до својата мајка, ја прегрнал и кажал “Никој не ја сака мојата мајка? Епа јас ја сакам!” Држејќи ја во прегратка мајка си, излегле од свадбата и ја оставиле невестата со гостите.

После неколку дена на неговата врата се појавил најбогатиот човек со својата најубава ќерка во тоа место и му рекол “Слушнав што се случило на твојата свадба. Поради тоа ти ја давам мојата ќерка. Штом така внимаваш на својата мајка сигурен сум дека така ќе ја внимаваш и ќе ја почитуваш мојата ќерка”

Advertisement