„Играњето“ на окото знае да биде многу непријатно, а според лекарите најчесто е симптом на замор, а може да биде и многу непријатно.




Сепак, иако медицината кажува едно, кај нашиот народ, но во туѓите култури се познати и некои верувања кои ја објаснуваат причината за трепкањето на левото или десното око.




Верувања
Во Кина веруваат дека играњето со левото око е знак на среќа, додека играњето со десното око се верува дека носи лош знак.




На Хаваи има тотално поинакво значење, па играњето со левото око значи дека во вашето семејство ќе дојде непозната личност, но ако игра без прекин, тоа значи дека може да дојде до распад на семејството на унурат.
Индијците играњето на левото око го сметаат за знак на лоша среќа, додека десното трепкање претставува среќа, сосема спротивно од Кина.




Имаме многу различни верувања
Некои тврдат дека играњето со десното око претставува исполнување на сите желби што сте ги замислиле, додека левото претставува лош знак. Меѓутоа, постои и верување дека ако левото око на жената се грче, тоа претставува повторно обединување со маж што долго време не го виделе, па се претпоставува дека тоа е добар знак бидејќи за време на војната, жените биле загрижени дали нивните сопрузи ќе се вратат живи.




Еве уште неколку толкувања.
Ако горниот дел од очниот капак на десното око ви трепери, тоа претставува радост во семејството, а долниот, создавање на ново пријателство…











