Во коментарите многумина се согласија дека роднините можат да бидат несовесни, а многумина го советуваа како да престане да го користат за пари.

Анонимен човек кој работи во Германија потврди дека никој не може да ти работи работа „зад грб“ повеќе од најблиските.

Тој го сподели своето признание на Редит, жалејќи се како неговите роднини постојано му бараат пари.

„Поздрав до сите, како се справувате со алчните роднини? Јас живеам и работам во Штутгарт, работам како машински инженер во Порше, добро заработувам, а покрај работата дизајнирам и бандажи за спортски автомобили. Финансиски ми е добро и тука се појавуваат проблемите.

Advertisement

Од кога почнав да заработувам добро, постојано имам проблеми со моите роднини. Не ми е проблем да помагам некому и сакам да помагам, но ова оди над се мерка.Секој месец се жалат колку им е тешко, како немаат сметки, како секогаш им недостигаат пари.Сепак кога дојдов дома слушам од луѓето дека три пати оделе на море ова година, сите топ дестинации, но не ми го ни спомнаа тоа кога ми барааа пари“, напишал човекот.

Тој додаде дека дури им купувал скапи работи, како автомобили.

„Значи, кога и да дојдам, носам се, секој месец праќам пари, а тоа не се мали, туку сериозни пари со кои можеш удобно да живееш кај нас. На нивното дете му купив кола, платив за возачка, се, се, се`. кога и да дојдам му носам се од патики до тренерки, што сакаш. Ме нервираат приказните што сум ги слушал луѓето на улица. Како носам патики од 300 евра, а синот им ги купил за ‘само 150 евра’ , како возам порше, а синот им купи голф 6.

Здраво, еј момци, добро заработувам, бидете благодарни за секаква помош. Кога ги замолив да ми помогнат околу школарината за магистерски, тие од ведро небо ми рекоа не, и знаев дека имаат. Размислувам да го прекинам секој контакт со нив. Ако е можно некој ваш совет би значел многу. Благодарам однапред“.

Advertisement