Две Американки, мајка и ќерка решиле да ручаат во ресторан на грчкиот остров Миконос, што скапо ги чинело.

Бренда Молтон и нејзината деветнаесетгодишна ќерка Кајла го поминаа денот на популарната плажа на Миконос, Платис Гиалос. Решиле да ручаат во ресторанот DK Oyster, што ги чинело премногу, а доживеале и непријатности.

Платиле речиси 600 евра за две порции рак и два коктели, под закана дека ако не платат, нема да можат да ја напуштат Грција.

– Две мохито и две порции рак не можат да чинат 600 евра. Не сакам да ја платам таа сметка – истакнала Бренда Молтон, обраќајќи му се на келнерот во ресторанот. прнеоси „ Хајат “.

Advertisement

Пристигна и одговорот на келнерот:

– Ако не ја платиш сметката, ќе повикам полиција и нема да можеш да ја напуштиш Грција. Лесно ќе одредиме каде живеете.

Жена која ја гледала сцената, исто така туристка, рекла дека претходниот ден ја видела истата сцена за плаќање сметки во истиот ресторан, а пристигнала и полиција, која „најверојатно“ била вмешана во се, пренесува РТС.

Advertisement