Нутриционистите советуваат дека течноста сепак е вистинскиот избор




Сите сме имале многу пати да одиме во кревет и да се чувствуваме неописливо гладни. Нема шанси да спиеме гладни, па стануваме и често се прејадуваме, што во никој случај не е добро за нашето здравје и нашата линија.
Нутриционистите советуваат кога ќе дојдеме во ваква ситуација да правиме чај од нане.




Според нив, чајот од нане ќе ни го смири желудникот, а можеме да додадеме и една кафена лажичка мед или жолт шеќер.
Овој метод ќе го измами гладот, а ако и ова не успее, тогаш се советува да јадете некое овошје, без разлика колку е часот, а не е точно дека ќе се здебелите.




Организмот не смее толку да се исцрпува, ќе станете уморни и не поспани, а не сакате тоа да ви се случи.
За да ги избегнете овие ситуации, најдобро би било да јадете најмалку два часа пред спиење, за да не огладнете.











