Ако имате болки или отоци во рацете, се што ви треба е моќен домашен и природен лек.

РАБОТНИЦИТЕ страдаат од болки во зглобовите или артритис повеќе отколку од кој било друг вид тегоби или болести.

Колку повеќе нашите работни и слободни активности се одвиваат во седење, веројатноста за таквите заболувања се зголемува. За среќа, многу тегоби кои често се нарекуваат артритис лесно се лекуваат и се контролираат, а веројатноста од компликации што го ослабуваат и онеспособуваат организмот е далеку помала отколку што тоа било случај со нашите родители, баби и дедовци.

Иако поимот опфаќа широк спектар од различни нарушувања, артритисот значи воспаление на зглобот, сеедно дали тоа е последица на болест, инфекции, генетско нарушување или некоја друга причина. Многу луѓе артритисот го доживуваат како болка или непријатност поврзана со движењето на телото, вклучувајќи такви локализирани проблеми како болки во крстот, бурзитис, тендинитис (воспаление на тетивата) и општа вкочанетост, или болки во зглобовите.

Advertisement

Ревматичниот артритис- некогаш наречен ревматизам или синовитис,обично се јавува кај луѓе на возраст над 40 години, а кај жените двапати почесто отколку кај мажите. Може да се јави и кај децата,особено кај девојчињата меѓу 2 и 5 години.Го карактеризираат воспаление и болки во дланките, особено на зглобовите на прстите, како и во рацете,нозете и стапалата, придружени со општ замор и несоница.

Тој исто така може да предизвика оштетување на други делови на телото, вклучувајќи го срцето, белите дробови, очите, нервите и мускулите. Мачнината од ревматичниот артритис може да се развива со недели или со месеци и обично е најсилна по будењето. Ревматичниот артритис може да предизвика појава на јазли и изобличенот на дланките и на стапалата кај старите луѓе затоа што со текот на времето мускулите слабеат,тетивите се собираат, а краевите на коските стануваат неприродно зголемени. Иако не може целосно да се излекува, со лекувањето почнато веднаш по појавувањето на нарушувањето се намалуваат симптомите кај повеќето луѓе. Симптомите може да траат пет години или повеке, по што обично се стабилизираат или слабеат. Со рано лекување веројатноста за трајна инвалидност се намалува кај сите, освен кај 5 до 10 проценти од пациентите.

Детскиот јувенилен ревматичен артритис или Стилова (Still)- болест се карактеризира со хронична температура и анемија. Болеста може да има и секундарно дејство на срцето, белите дробови, очите и нервниот систем. Појавите на артритис кај децата на возраст под пет години може да траат неколку недели и повторно да се вратат, иако симптомите се помалку изразени кај повторените напади.Лекувањето главно е исто како кај возрасните, со главен акцент на физикалната терапија и на телесните вежби за да може телото што е во фаза на растење да се одржи активно. Трајното оштетување предизвикано од детскиот ревматичен артритис сега е реткост, а повеќето заболени деца целосно се опоравуваат од болеста без траен инвалидитет како последица.

Инфективниот артритис – се однесува на разни тегоби што ги зафаќаат поголемите зглобови на рацете и нозете,како и прстите на рацете и нозете.Артритичната инфекција обично е компликација поради повреда или некоја друга болест и е многу поретка од артритичните заболувања кои се јавуваат на определена возраст. Заразениот артритис може да помине незабележано затоа што симптомите може да бидат прикриени со примарна повреда или болест. Но ако не се лекува, како последица може да има траен инвалидитет.

Остеоартритисот или дегенеративната болест на зглобовите – се однесува на болки или воспаление што може да биде последица на систематско губење на коскеното ткиво во зглобовите. Тоа е најчестиот облик на артритис, особено кај старите луѓе. Кај остеоартритисот заштитата на крајот на коските во зглобовите, особено во ‘рбетот и во нозете постепено се истрошува. Внатрешните површини на коските стануваат незаштитени и се тријат една со друга. Во некои случаи на рабовите на зглобовите се развиваат коскени шилци, кои предизвикуваат оштетувања на мускулите и тешкотии при движењето. Иако механизмот на остеоартритисот е непознат, изгледа дека некои луѓе се генетски предодредени на дегенеративни промени на коските.Во ретки случаи,уште во рана возраст се јавува вродена дефомација на коските. Злоупотребата на анаболички стероиди кои се популарни меѓу некои спортисти, исто така,може да предизвика остеоартритична дегенерација.

Кај многу луѓе остеоартритисот се појавува постепено и не го заслабува организмо, иако може да го промени обликот и големината на коските. Кај други лица коскените израстоци и јазлестите зглобови може да предизвикаат болно воспаление на мускулите или оштетување на нервите, заедно со промени во дпжењето и во подвижноста. Меѓу другите артритични заболувања се вбројува и анкилозниот спондилитис (артритис на ‘рбетот),коскените шилци (коскени израстоци на пршлените или на други места),гихт (кристален ар-тритис) и системскиот лупус (жива рана) (воспалителна болест на сврзливото ткиво).

ЛЕК ЗА БОЛКИ ВО РАЦЕТЕ:

Се меша ¼ шолја јаболков оцет со вода и малку црвен пипер па се нанесува дирекно на зглобовите кои се болни.

Така се намалува веднаш отокот и болката.

Advertisement