Изматените јајца се јадење кое речиси секојдневно се наоѓа на трпезите ширум планетата.




Се приготвува на многу различни начини, а повеќето луѓе грешат кога подготвуваат матени јајца, што го менува вкусот и текстурата на ова јадење, пишува Glossy.
Еве ги трите најчести грешки при подготовка на матени јајца:




Пржење на највисока топлина
Изматените јајца, како и многу други јадења, ќе бидат многу повкусни доколку ги подготвите на тивок оган. Тогаш нема да се исуши, туку ќе остане кремаста и сочна. Она што е важно е да го загреете маслото за пржење на умерена температура и дури потоа да ги додадете јајцата.




Никогаш не матете јајца во тава
Наместо да ги кршите јајцата во тавче и да ги изматите во неа, земете мал сад или чинија, изматете ги со вилушка и зачинете ги. Дури откако ќе се загрее маслото ставете ги јајцата во тавата.




Не ги оставајте во тавата
Откако ќе го исклучите шпоретот, префрлете ги јајцата во чинија. Најголемата грешка е да ги оставите јајцата во тавата бидејќи ќе се преварат и ќе станат суви и тврди.
Наздравие!











