Дали сте вие меѓу мнозинството што пере шарени алишта на 30 или 40 степени?




Ако перете шарени алишта на температури од 30 или 40 степени, имаме лоши вести за вас.
Имено, температурата на перење од 40 е на крајната граница, но 30 степени е крајно критична, бидејќи многу бактерии, како што е Ешерихија коли, успеваат да преживеат на 37 степени.




Значи, ако ја миете облеката на пониска температура, бактериите лесно можат да останат на ткаенината дури и после тоа.
Бидејќи температурата од 40 степени е на работ, микробиолозите советуваат за секој случај да не ја перете облеката на температури под 60 степени, а особено да не штедите при перење детска облека.




Треба да се нагласи дека долна облека, крпи, кујнски крпи и постелнина мора да се мијат на температура од 90-95 степени.











