Храната која содржи многу протеини ќе ве држи сити подолго време, а еве која има најмногу протеини!

Протеините се многу важни во исхраната, а се многу корисни – не одржуваат сити подолго време, помагаат во градењето на мускулите, а студиите покажале дека дури може да го забрза метаболизмот и на тој начин да помогне во слабеењето.

Месото е веројатно првата храна што ќе ви падне на ум кога ќе се споменат протеините, но ќе ве изненади кога ќе видите во која храна има повеќе од месото.

Во 100 грама леќа има дури девет грама протеини или 31 процент од протеини по калорија. И не само тоа, оваа храна подолго ќе ве држи сити, содржи многу влакна и е многу нискокалорична – ако изедете 100 грама леќа, ќе внесете само 116 калории.

Advertisement

Брокула

Во 100 грама брокула има 2,8 грама протеини, а освен тоа овој зеленчук содржи и важни витамини и минерали, како и многу влакна. Но, веројатно не сте знаеле дека брокулата е и еден од најдобрите извори на протеини кога станува збор за зеленчук… Содржи дури 33 отсто протеини, па затоа е многу добредојдено да се јаде, плус е нискокалорична.

Кељ

Овој зеленчук содржи многу важни витамини, па може да се каже дека е една од најхранливите намирници, а 100 грама кељ има дури 2,9 грама протеини.

Спанаќ

Спанаќот содржи исто количество протеини како кељот – 2,9 грама на 100 грама, а богат е и со железо, калциум и витамини А, Ц и К.

Интересно е да се напомене дека со оглед на тоа што спанаќот е нискокалоричен, дури 50 отсто од калориите што ги содржи се всушност протеини.

Печурки

Не ја потценувајте моќта на печурките! Имаат 3,1 грам протеин во 100 грама, а бидејќи се нискокалорични, дури 56 отсто од калориите се протеини! Тоа е речиси двојно повеќе од меленото говедско месо!

Advertisement