Првото нешто што многумина од нас го прават наутро, по миењето на забите, е посегнување по кафето. Многу луѓе не можат ни да замислат да го започнат денот без да испијат шолја кафе.

Сепак, би можеле да ја промените таа навика и да се навикнете да се будите на поинаков начин.

Вистина е дека кафето дава чувство на будност и енергија, но тоа чувство не трае долго, особено не ако користите вештачки засладувачи или ако пиете некоја од мешовините за инстант кафе.

Ваквите пијалоци само привремено ќе ве „подигнат“, но всушност многу брзо ќе останете без енергија, па најдобро би било кафето да го замените со некоја друга храна која е многу подобра стимуланс.

Advertisement

Овесна каша

Многу луѓе јадат овесна каша за појадок, но пијат и шолја кафе. Сепак, воопшто нема потреба од тоа. Зошто? Овесната каша има низок гликемиски индекс и ќе ви обезбеди доволно енергија и чувство на ситост во следните неколку часа, а кога телото има енергија – не е уморно.

Вода

Исклучително е важно да му обезбедите на телото доволно течност, бидејќи кога не е така, мозокот работи побавно, а ние се чувствуваме уморни и поспани. Најдобро би било да се напиете чаша вода веднаш штом ќе станете. Истиот ефект ќе го постигнете и попладне. Кога ќе заборавите кога последен пат сте испиле вода, веднаш испијте чаша вода и ќе му ја обезбедите на телото потребната течност.

Зелен лиснат зеленчук

Можеби на почетокот не звучи баш најпримамливо, но зелениот лиснат зеленчук (спанаќ, магдонос, целер, блитва, кељ…) содржи голема количина на витамини од групата Б кои помагаат храната да се претвори во енергија. Затоа, наместо со кафе, започнете го денот со убаво зелено смути.

Чиа семе

Тие се богати со омега-3 масни киселини, кои помагаат за забрзување на мозокот и борба против замор. Чиа семките имаат и одлична способност да апсорбираат течности, па го забрзуваат метаболизмот и ќе направат да се чувствувате хидрирани и да ве држат будни. Можете да ги јадете во овесна каша или смути и на тој начин да обезбедите двојна доза на будење.

Јајца

Јајцата се протеинска храна која ја обезбедува потребната енергија за функционирање во текот на денот. Изборот за подготовка на јајца е голем, можете да ги пржите, да направите матени јајца, омлет или да ги сварите. Она што исто така можете да го направите е да комбинирате јајца и малку зелен лиснат зеленчук и да направите феноменален омлет кој исто така ќе биде енергетска бомба.

Advertisement