Кафето може накратко да го подигне крвниот притисок бидејќи кофеинот го стимулира кардиоваскуларниот систем и го забрзува отчукувањата на срцето, но тоа обично се случува ако не сте навикнати на кофеин

Иако нашироко се верува дека кафето го зголемува крвниот притисок, не постои истражување кое потврдува дека тоа е вистина.

Експертите од Германија велат дека можете да пиете најмалку четири шолји дневно, дури и ако страдате од висок крвен притисок. Тие истакнуваат дека не постојат научни докази дека кофеинот е лош за хипертензија.

Кафето може накратко да го подигне крвниот притисок бидејќи кофеинот го стимулира кардиоваскуларниот систем и го забрзува отчукувањата на срцето, но тоа обично се случува доколку не сте навикнати на кофеин.

Advertisement

Покачувањето на крвниот притисок е помало кај луѓето кои редовно пијат кафе. Овој ефект се јавува по редовно пиење кафе од една до две недели, се вели во соопштението на Германското здружение за срце.

Ова важи и за зелениот и црниот чај, со оглед на тоа што и тие се стимуланси.

Сепак, треба да го ограничите пиењето на максимум 400 милиграми кофеин дневно доколку размислувате за здравјето на срцето.

Тоа е многу повеќе отколку што повеќето луѓе веројатно би пиеле во секој случај – околу четири до пет шолји филтер кафе на ден.

Advertisement