Ако сакате да печете риба на малку поинаков начин, тогаш пробајте ја оваа маринада.

Постот започна, како и сезоната на слава, поради што ви предлагаме да пробате да испечете речна риба, која претходно беше во оваа необична маринада.

Состојки за маринадата:

    • две лажици масло
    • сок од еден лимон
    • една лажица сечкан магдонос
    • малку вегета и оригано, сол и бибер

Подготовка:

Advertisement

Измешајте масло со сок од лимон, додадете магдонос и зачини. Прелијте ја рибата и оставете ја да отстои во маринадата еден час пред да ја печете.

Најдобро е да купите свежа речна риба, која ќе биде уште повкусна.

Рибата завиткајте ја во фолија и печете ја во загреана рерна на вообичаен начин, а како прилог можете да послужите салата од компир или ориз со зеленчук.

Advertisement