Рецепт за совршена палачинка




Состојки за меки палачинки:
- 3 чаши брашно,
- 2,5 чаши кисела вода,
- 1 лажица шеќер,
- малку сол,
- 1/2 лажичка прашок за пециво,
- 1 кесичка ванилин шеќер,
- Масло




Подготовка:




Брашното со кисела вода, шеќерот, ванилиниот шеќер, прашокот за пециво и млаку сол се меша, па се меша со миксер додека не се добие потенка каша.
Advertisement




Додадете една лажица масло и уште малку измешајте.




Тавата со тефлонско дно е најпогодна за печење палачинки. Во тавата истурете неколку капки масло и кога добро ќе се загрее, истурете околу половина шолја од течната смеса, колку да го покрие дното на тавата.




Кога ќе се испече едната страна од палачинката, превртете ја на другата страна. Пред да ја испечете секоја палачинка, додадете неколку капки масло во тавата.
Advertisement











