Во останатиот дел од текстот дознајте дали е здраво да се подгреваат компирите кои останале после јадење.




Многу луѓе се двоумат околу тоа која храна можеме да ја јадеме загреана, особено кога станува збор за хранење на малите.




Најчесто слушаме дека не треба да се подгреваат компирите , но колку вистина има во тоа?
Загреаните компири не се токсични, но можат да предизвикаат дигестивни проблеми. Имено, станува збор за тоа дека со загревање на компирот повторно се кристализираат зрната скроб, што го отежнува варењето и често може да предизвика чувство на тежина во стомакот кај оние кои се чувствителни.




Сепак, погрижете се компирите што ви останале по ручекот, без разлика дали се печени или пире, да ги чувате во фрижидер за да избегнете можен развој на бактерии кои можат лошо да влијаат на вашето здравје.




Ако компирите не се расипани, можете добро да ги загреете
Ако садот со компир не се расипал, нема потреба да се грижите доколку го загреете повторно, велат експертите.











