Влошена епидемиолошка состојба




Во Црна Гора, поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од корона вирусот , во следните 15 дена ќе биде задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти уште еднаш апелираа до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.




Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека поради зголемувањето на бројот на заразени и хоспитализирани лица, воведено е задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација , намирници, аптеки и бензински пумпи, пренесува порталот РТЦГ. .




Галиќ изјави дека е задолжително носење заштитни маски во затворените места на аеродромот, железничките и автобуските станици и најави дека доколку овие мерки не доведат до подобрување на состојбата, ќе следи задолжително носење маски во сите затворени места.











