Колку пати во животот сте ја слушнале изјавата дека мажите се плашат од паметни жени?

Колку пати во животот сте ја слушнале изјавата дека мажите се плашат од паметни жени? Истражувањето на Економскиот универзитет во Варшава предводено од Адам Карбовски го потврди овој стереотип.

Карбовски и неговиот тим анализирале експеримент во кој 500 испитаници од Универзитетот Колумбија учествувале во таканареченото „брзо запознавање“. По секоја средба, учесниците требаше да го оценат физичкиот изглед и интелигенцијата на личноста со која разговарале, а на крајот да напишат дали повторно ќе излезат на состанок, пишува „ Зафедна.хр “.

Преку анализата на експериментот, беше утврдено дека машките испитаници повеќе би сакале да одат на втор состанок со жена која е физички привлечна за нив, отколку со жена која ја оцениле како многу интелигентна.

Advertisement

Од друга страна, испитаничките подеднакво го ценат изгледот и интелигенцијата, но би оделе на состанок со маж кој го сметаат за интелигентен, но не го оценувале високо во поглед на изгледот.

На прашањето зошто мажите всушност се плашат од паметни жени, експертите нудат едноставен одговор – поради споредување на сопствената интелигенција со женската затоа што тогаш се чувствуваат несигурни: „Мажите помалку ги привлекуваат жени кои се подобри од нив, а ова е резултатот. На моменталната промена во нивната перцепција за себе. Тие се чувствуваат помалку мажествено кога жената ќе ги надмудри“.

Advertisement