Брзо и лесно се подготвуваат и имаат толку добар вкус што ќе се запрашате зошто досега не сте го пробале ова

СОСТОЈКИ:

  • Четири лажици маслиново масло
  • 125 гр путер
  • Лукот, може да биде и во гранули
  • Багет
  • 150 гр гауда
  • Рукола, власец, босилек по желба
    Подготовка;

Најпрво пресечете го багетот на половина по должина за да се гледа средината, а потоа направете произволни кришки по желба. Тие можат да бидат поголеми или помали.

Измешајте ги состојките во блендер. Целиот лук можете да го испечете претходно во фолија, а доколку немате време слободно додадете лук во прав или ситно исечкани три чешниња.По желба додадете босилек, власец или рукола.

Advertisement

Намачкајте го намазот над секое парче и обилно посипете со рендана гауда. Печете десет минути на 230 степени.

Advertisement