Фантастична закуска која често ќе ја правите.

Ако сакате да направите вкусна и брза закуска , ја имаме вистинската работа за вас. Солените стапчиња наполнети со сирење и ајвар ќе ги остават сите без зборови.

Не можете да најдете ваков деликатес во пекарите.

Пробајте го и уверете се сами!

Advertisement

Состојки:

  • 200 мл млеко
  • 2 лажици масло
  • 10 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 300-350 гр брашно
  • 100 гр сирење
  • 2 лажички ајвар

Подготовка:

Квасецот издробете го во млако млеко, додајте шеќер и кога ќе стане пенесто додадете брашно, масло и малку сол и замесете мазно тесто.

Оставете го да отстои 30 минути, па со сукало развлечете го во правоаголник. Скршете го сирењето, додадете ги жолчките и измешајте. Поделете на два дела.

Во едната додадете 2 лажички ајвар и измешајте.

На долната половина од тестото додадете лента лесно сирење, па лента со ајвар и така до крај. Покријте со горниот дел од тестото, притиснете со раце и малку расукајте со сукало.

Се сече на ленти и се завртува. Се редат во намрсен плех. Покријте ги да нараснат малку, премачкајте ги со жолчка и посипете со сусам, ким и крупна сол. Се пече на 200 степени околу 25-30 минути.

Погледнете го упатството за подготовка чекор-по-чекор:

Advertisement