Срцев удар погодува некого на секои 43 секунди

Според новото истражување, спроведено од истражувачи во Данска и презентирано на последната конференција на Европското здружение за кардиологија, болката во градите се јавува само во еден од пет случаи.

Група Лекари ги анализирале податоците собрани од 4.000 пациенти, помеѓу 2016 и 2018 година, кои доживеале срцев удар надвор од болницата и кои контактирале со службите за итна помош до 24 часа пред кардиопулмонален застој. Лекарите ги забележале пријавените симптоми (од пациентот или некој близок до нив).

Резултатите потврдуваат дека има многу предупредувачки знаци – најчесто споменуваниот симптом е отежнато дишење (59%), проследено со конфузија (23%) или губење на свеста (20%).

Advertisement

Срцев удар погодува некого на секои 43 секунди. Тоа се случува кога протокот на крв кој го снабдува срцевиот мускул со кислород е сериозно намален или целосно прекинат.

Ова се случува затоа што артериите кои го снабдуваат срцето со крв може полека да се стеснуваат поради акумулацијата на масти и холестерол. Иако телото испраќа предупредувачки сигнали пред самиот срцев удар, ние често ги игнорираме.

Кај жените симптомите се често нетипични, па често не се поврзуваат со толку сериозна состојба, а жените кои преживеале срцев удар се изненадени бидејќи мислат дека нивната слабост е поради грипот.

Advertisement