Познатиот пејач беше фотографиран кога пристигна на Вториот меѓународен музички фестивал во Бања Лука




Познатата музичка ѕвезда и омилен пејач меѓу женската популација, Здравко Чолиќ, не може често да се види во јавноста, освен на неговите концерти, кои исто така не се толку чести, па публиката со нетрпение го очекува на секој настап.




Иако на сцената изгледа многу помладо во костумите, во дневните изданија легендата на Балканот, Здравко Чолиќ речиси наликува на неговите врсници, кои штотуку влегле во осмата деценија од животот како познатиот пејач.




Во едно вакво издание тој беше фотографиран токму денеска, кога пристигна во Бања Лука на Вториот меѓународен музички фестивал, кој веќе четири дена по ред се одржува во овој град. Во таа прилика Здравко Чолиќ носел црни панталони, темна широка кошула и црна капа, која ја носел превртена наопаку.




Дали би го препознале доколку го сретнете на улица?












